Top Sport

„Ле Монд“: Србија ја попречува истрагата за мечот ПСЖ-Звезда

Францускиот весник „Ле Монд“ вели дека два месеци по сомнежите за „местенка“ на мечот Пари Сен-Жермен-Црвена звезда од Лигата на шампионите, УЕФА нема напредок во истрагата поради „опструкции од Србија“.

Спортскиот весник „Л’Екип“ тврдеше дека неименуван висок функционер на Црвена звезда уплатил 5 милиони евра на победа на ПСЖ од пет или повеќе голови разлика во мечот кој заврши 6:1 за францускиот клуб.

„Без учество на Србија, истрагата ќе заврши набргу. Побарана е и соработка со Европол, но засега нема одговор. На крајот сè останува на информации кои не можат да се докажат и резултатот на мечот“, се вели во коментарот на „Ле Монд“.

УЕФА уште не се јавува за тоа до каде е истрагата, додека од страна на српскиот клуб веќе е поднесена тужба во Париз против „Л’Екип“ за нарушување на угледот на клубот.

Фото: ЕПА

Местенки во Париз? Човек од Звезда сакал да се обложи со 5 милиони евра на висок пораз!

Scroll to Top