Top Sport

ЛЕ: Тричковски стрелец во Грац, судијата доби шише во глава! (видео)

Да си фудбалски судија не е најлесно. Тоа најдобро го дозна помошниот судија на мечот од квалификациите за Лига Европа меѓу Штурм Грац и кипарскиот клуб АЕК Ларнака, откако доби директен удар во глава со шише!

Мечот беше накратко прекинат, главниот судија го прекина мечот и ги повлече фудбалерите во соблекувалната, но подоцна мечот продолжи. Да не се каже дека само на балканските стадион се случуваат вакви инциденти.

На теренот, АЕК стигна до 2:0 победа, делумно благодарение на македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски (инаку капитен на АЕК), кој во 74. минута го совлада домашниот голман.

Scroll to Top