Top Sport

ЛЕ: Вадуц му нанесе срам на Левски! (видео)

Славниот бугарски клуб Левски со понижувачки 1:0 пораз на гостувањето кај Вадуц од Лихтенштајн го започна европското натпреварување во првото квалификациско коло на Лига Европа.

Освојувачот на Купот на Лихтенштајн стигна до импресивна победа со прекрасен гол на Колибали уште во 14. минута, по што тимот на Делио Роси не успеа да направи нешто повеќе против клубот кој игра во швајцарската втора лига, каде што беше четвртопласиран.

Ова е 12. меч без победа на гостувањата во Европа за Левски – 26-кратните бугарски шампиони последен пат победиле на гости во 2010 година против Дандалк (2:0).

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КВАЛИФИКАЦИИ

Банантс (Ерм) – Сараево (БиХ) 1:2

Работнички (Мак) – Хонвед (Унг) 2:1

Вадуц (Лих) – Левски (Буг) 1:0

Фола (Лук) – Приштина (Кос) 0:0

Клаксвик (Фар) – Жалгирис (Лит) 1:2

Гленавон (СИр) – Молде (Нор)

Scroll to Top