Top Sport

Леао демантира дека барал 10 милиони евра годишно и висок бонус од Милан

Португалската ѕвезда на Милан, Рафаел Леао демантира дека барал 10 милиони евра плус висок бонус за да го продолжи договорот со „росонерите“, оценувајќи дека се работи за „фејк њуз“.

Леао подолго време преговара со Милан за продолжување на договорот кој му завршува во јуни 2024 година, и досега не коментираше за тоа како се одвиваат преговорите со Паоло Малдини. Овојпат тој реагираше на шпекулациите дека неговиот татко бара 10 милиони евра годишна плата и плус голем процент за него, откако претходно повеќе медиуми објавија дека Милан му даваат 7 милиони евра по сезона.

Леао пристигна во Милан во 2019 година и оттогаш има 35 гола во 137 меча и беше еден од клучните играчи минатата сезона, кога „Диаволо“ ја освои првата титула по долга пауза.

Scroll to Top