Top Sport

Леао со супер соло акција му дозволи на Жиру да ја поправи грешката!

Оливие Жиру по промашениот пенал за Милан во 22. минута од вториот меч од четврт-финалето на ЛШ на гости кај Наполи, успеа да се поправи и во 43. минута да стрела за 0:1 водство (и вкупно 0:2 предност во двомечот).

За шансата тој мора да му се заблагодари на фантастичниот Рафаел Леао, кој успеа да помине половина од одбраната на домаќините во фантастична акција.

Челси пак, на полувреме на „Стемфорд Бриџ“ има само 0:0 против Реал Мадрид, пропуштајќи неколку убави шанси, од кои најдобрата беше на Марк Кукурелја во финишот на полувремето.

Жиру утна пенал во „пеколот“ во Неапол

Scroll to Top