Top Sport

Лебеф: Дефанзивно, Александер-Арнолд е на второлигашко ниво, виновен е Роберто Карлос

Поранешниот дефанзивец на Челси, Франк Лебеф ги оцени дефанзивните карактеристики на ѕвездата на Ливерпул, Трент Алексндер-Арнолд на ниво на англискиот Чемпионшип, оценувајќи дека влијанието на бразилската легенда Роберто Карлос на бековите во фудбалот било „катастрофално“.

Десниот бек на Ливерпул според многумина е еден од најдобрите на својата позиција, но Лебеф смета дека таа игра може да му помине само кај Јирген Клоп.

„Видете го Трент Александер-Арнолд. Мислам го сакам момчето, неговите квалитети во нападот, но во одбраната тој е на ниво на Чемпионшип. Само системот на Клоп функционира за него. Кога не се игра така, само ги гледате неговите дефанзивни пропусти. Би сакал да се врати на основата на играта. Би му кажал: ‘Сврти ја глават и погледни позади тебе, ќе биде подобро’. Мислам дека Роберто Карлос деформираше цела генерација дефанзивци“, вели Лебеф.

Scroll to Top