Top Sport

Лебеф: Драго ми е што Барса испадна поради измамникот Суарез!

Многумина провокациите на Луис Суарез во полуфиналната серија на Барселона со Ливерпул ги окарактеризираа како непримерни, а во листата на екс-фудбалери кои немаат почит за Уругваецот е и францускиот репрезентативец, Франк Лебеф.

„Ми се допаѓа начинот на кој игра Барселона, но драго ми е што испаднаа од ЛШ поради Луис Суарез. Немам почит за фудбалер каков што е тој. Одличен играч е, има одлична кариера, но измамник е и за него немам ни малку почит. Не можам да поднесам такви играчи. Тој е ужасен пример за младите луѓе. Она што го направи на СП на мечот против Гана, двапати ги гризеше ривалите. Ме чуди што противниците не реагираат затоа што тој е подготвен на се“ – вели Лебеф.

Екс-францускиот фудбалер најдобрите мечеви во кариерата ги одигра за лондонски Челси, за 5 сезони одигра 144 настапи за клубот.

Scroll to Top