Top Sport

Лебеф: Фофана е незрел и наивен, си ја уништува кариерата во Челси

Поранешниот бек на Челси, Франк Лебеф го критикуваше Весли Фофана дека си ја уништува кариерата по скапиот трансфер во Челси минатото лето, оценувајќи го како „незрел и наивен“.

Челси платија 70 милиони фунти на Лестер минатото лето за трансферот на 22-годишниот Фофана, но тој не ги исполни големите очекувања со само 18 настапи за клубот, а посебно беше критикуван при вчерашниот 4:1 пораз од Манчестер јунајтед, меч во кој направи пенал.

„Уште сакам да верувам дека не грешам и дека ќе ја поправи својата кариера, бидејќи има квалитет кој е потребен да биде еден од најдобрите централни бекови на светот. Но, сега е во голем клуб и мора да порасне многу бргу и да не го оштетува својот тим. Неговата реакција за пеналот беше наивна и покажува дека е незрел и дека мора да порасне. Вака во Челси си ја уништува својата кариера“, вели Лебеф.

Scroll to Top