Top Sport

Лебеф: Мурињо повеќе нема харизма

Поранешниот француски репрезентативец Франк Лебеф смета дека најдобрите денови се далеку зад Жозе Мурињо. Тој рекол дека Португалецот ја нема истата харизма како порано.

Жозе Мурињо остана без работа на 18 декември кога доби отказ во Манчестер Јунајтед. Самиот реши да не работи повеќе оваа сезона, а во меѓувреме неговото име се поврзува со неколку екипи.

„Бев близок со него кога првиот пат дојде во Челси, брилијантно работеше во Порто. Но, изгуби нешто од она поради што играчите толку многу го сакаа, се сеќавам како Матераци плачеше кога Мурињо си замина до Интер3, рекол Лебеф.

Поранешниот играч на Челси рекол дека Мурињо ја покажал и „темната страна“ на својот карактер.

„Ја изгуби харизмата, дури си дозволи да играчите да го мразат, го видовме тоа во Јунајтед. Ќе мора добро да размисли дали сака повторно да тренира голема екипа. Можеби сака да оди во ПСЖ, тоа е во ред, но ќе мора кај себе да смени многу работи“, заклучил Лебеф.

Scroll to Top