Top Sport

Леганес ја потопија „жолтата подморница“ (Видео)

Леганес приреди големо изненадување со победата над Вилјареал на „Естадио дела Серамика“. Со победата 2:1 Леганес се израмнија на табелата со Мајорка, а имаат поен помалку од Селта првиот тим кој се наоѓа во безбедната зона.

Леганес на тешкото гостување во Вилјареал успеа да победи со пресврт во второто полувреме, а головите во важната победа ги постигна Оскар.

Почетокот на натпреварот не можеше да ја навести сензацијата која се случи на крајот, бидејќи Џерар Морено ја искорсит совршената асистенција што ја доби од Санти Казорла и го отвори резултатот.

1:0 стоеше на семафорот по првиот дел, а веднаш на стартот од вториот дел, во 48 минута, Оскар израмни на 1:1.

Истиот играч во 70 минута погоди од пенал.

Вилјареал останаа на осмото место со 38 бода колку што има и Гранада, додека Леганес се претпоследни со 26 бода исто толку има Мајорка, додека Селта на 17 место има бод повеќе.

Scroll to Top