Top Sport

Легендарен финиш на грузиското првенство (видео)

Грузиската премиер лига (Еровнули лигата) имаше неверојатен финиш во текот на викендот со хаотичен меч меѓу ривалите за титулата Торпедо Кутаиси и Динамо Тбилиси.

Пред мечот, на Торпедо им беше потребна победа за да ја освои титулата пред Динамо, додека на тимот од престолнината му беше доволно и реми. Торпедо водеа со 1:0 на почетокот на 94. минута, кога Микола Ковтаљук имаше неверојатно „фрлање“ за да добие пенал.

Капитенот на Динамо, Отар Китеишвили застана на белата точка да го изведе пеналот во 96. минута во последниот меч од сезоната, но голманот на Торпедо, Роин Квасхвадзе успеа да го одбие ударот.

За Торпедо ова е четврта титула во Грузија и сега можат да стигнат до двојната титула следниот викенд во финалето купот против Чихура.

Scroll to Top