Top Sport

Легендарниот капитен на Атлетико замина во пензија

Легендарниот капитен на Атлетико Мадрид, Габриел Фернандес Арсенас-Габи, на 37-годишна возраст реши да ја заврши кариерата. Последните две години Габи играше во екипата на Ал Сад, кај тренерот Чави Ернандес.

Габи во два мандати (2004-2007, 2011-2018) за „јорганџиите“ одиграл 417 натпревари.

Со Атлетико освоил шест трофеи, од кои најзначаен е оној од 2014 година, кога клубот ја освои 10 шампионската титула во Шпанија. Во својата последна сезона во клубот, 2017/2018, Габи со Атлетико ја освои Лига Европа.

 

Scroll to Top