Top Sport

Легендарниот Тафарел ќе ги подготвува голманите во Ливерпул

Ливерпул го именуваа легендарниот бразилски голман Клаудио Тафарел како главен тренер на голманите во клубот, и како трет ваков голман на „Енфилд“ по лична препорака на нивниот прв голман, Алисон Бекер.

55-годишниот Тафарел, кој досега работеше со Алисон во бразилската репрезентација, ќе биде трет тренер покрај Џон Ахтерберг и Џек Робинсон, и доаѓа откако Алисон потпиша богат шестгодишен договор со „црвените“ ова лето.

Тафарел имаше 101 настапи за бразилската репрезентација, освојувајќи го Светското првенство во 1994 во САД и две титули од Копа Америка, додека во клупската кариера бранеше за Парма, Реџана и Галатасарај. По крајот на кариерата тој двапати беше привремен тренер во Галата, пред да си замине од Истанбул во 2019 година. Од 2014 година тој работи со бразилската репрезентација, подготвувајќи го 29-годишниот Алисон.

Scroll to Top