Top Sport

Легендата на Јуве се сели во Порто?

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон (43) смета дека се уште е рано за пензија.

Искусниот чувар на мрежата кој сезонава комплетно е во втор план во дресот на Јувентус (Војчех Шчесни е прва опција кај Пирло) се уште има предизвик да биде меѓу стативите. Еднаш веќе го напушти Јувентус – кога се пресели во ПСЖ, а по се изгледа се подготвува тоа да го стори и по вторпат.

„Gazeta delo Sport” пренесува дека Порто е заинтересиран за Џиџи Буфон откако тој ќе стане слободен играч летово.

„Во главата го имам датумот кога ќе ја завршам кариерата, тоа е во 2023 година. Сепак, постои можност кариерата да ја завршам и на крајот на сезонава“ вели тој.

Scroll to Top