Top Sport

Легендата на „петлите“ е новиот помошник на Мурињо

Поранешниот капитен на Тотенхем, екс-стоперот Ледли Кинг е именуван за помошник тренер на клупата предводена од Жозе Мурињо.

„Презадоволен сум што можам да му посакам добредојде на Ледли додека се подготвуваме за новата сезона. Кинг има голем авторитет кон овој клуб и навивачите го почитуваат сето она што тој го дал за клубот. Неговото искуство ќе биде корисно за тимот“ рече Мурињо за својот нов помошник.

Кинг има 39 години и целата играчка кариера ја помина со „петлите“ од Лондон. Кариерата ја заврши во 2012 година.

Запиша 323 настапи и во 2008 година го освои Лига купот со Тотенхем. По завршувањето на кариерата работеше како амбасадор на клубот.

Scroll to Top