Top Sport

Легендата од денеска е СЕР Кени Далглиш!

Поранешниот фудбалер и менаџер на Ливерпул, Кени Далглиш денеска беше проглазен за витез од страна на британскиот приц Чарлс за неговата работа во фудбалот, добротворните организации и градот Ливерпул.

67-годишниот Далглиш освои шест титули и три европски круни со Ливерпул како фудбалер, пред да ги предводи „црвените“ до нови три лигашки титули како менаџер. Поранешниот фудбалер на Селтик исто така ја освои титулата од Премиер лигата со Блекбурн во 1995 година, а за Шкотска имаше 102 настапи.

Надвор од теренот, Шкотланѓанецот беше еден од најголемите поддржувачи на семејствата на жртвите на катастрофата од Хилзборо во 1989 година, а заедно со својата сопруга Марина собра над 10 милиони фунти за добротворни цели.

„Секако дека сум горд на тоа што се случува. Својот живот го водиш така како што те научиле твоите родители и за мене тоа беше да бидем пристоен човек и кога на некој му треба помош, да му помогнеш“, изјави Далглиш по церемонијата.

Scroll to Top