Паузата за Арсен Венгер можеби завршува. Откако ја напушти клупата на Арсенал по 22 години, Французинот изјави дека уште не завршил со тренерската кариера, иако шпекулациите го поврзуваа со местото спортски директор на Пари Сен-Жермен.
Сега, турскиот гигант Фенербахче, кој има маки со формата и со тренерот Филип Коку, е заинтересиран да го донесе Венгер на Босфорот, каде што тој би работел со еден од најголемите македонски таленти во последната деценија, Елиф Елмас.
Други кандидати за местото во Фенер се поранешниот помошник на Јирген Клоп во Ливерпул, Босанецот Жељко Бувач, како и искусниот Романец, Мирчеа Луческу.