Легендарните играчи на Манчестер јунајтед, Пол Сколс и Рио Фердинанд, кои сега работат како стручни коментатори за „БТ спорт“, искрено и со голема доза на разочарување го коментирале поразот на „црвените ѓаволи“ од Јувентус (0:1) во Лигата на шампионите.
Скол на моменти се срамел од она што го гледал на теренот.
„Разликата во класата е очигледна. Ок, Јунајтед не е тоа што беше, ама ова навистина ќе ги истрезни. Јувентус постигна гол, можеа да постигнат уште неколку доколку сакаа да го направат тоа. Таков впечаток имав. Јунајтед беа нервозни кога ќе ја добиеја топката, можеби Мурињо е среќен поради минималниот пораз. Јас не, верувајте, на моменти ми беше срам од она што го гледав“, рекол Сколс.
„Изгледаше како деца да играат натпревар против професионалци. Ништо друго не би издвоил. Повторно бргу примија гол, но против сериозни екипи не пости можност да се вратите. Кога ќе ги сумирам впечатоците, видлива беше разликата во класата“, рекол Фердинанд.