Top Sport

Легендите на Јунајтед во очај: Манчестер сити е недопирлив

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил вели дека не гледа кој може да ги сопре Манчестер сити да освојат четврта титула од Премиер лигата, а неговиот поранешен соиграч Едвин ван дер Сар со жалење констатира дека Јунајтед веќе не се бори за титули.

Манчестер сити е на врвот на Премиер лигата по 13 кола без пораз, два поени пред Ливерпул, додека Манчестер јунајтед е само на седмото место.

„Пеп Гвардиола не ги мери натпреварите како нас. 4:0 против Вест хем, би требало да ги пофалите фудбалерите и да прославите, но тој поставува нови стандарди. Понекогаш мислам дека сака да прати порака до играчите дека не смеат да бидат задоволни од тоа што го покажуваат. Во моментов изгледаат некршливо. Не можете да ги допрете“, анализира Невил.

Ван дер Сар, кој  беше на голот 186 пати за Јунајтед и освои 10 титули со нив, вклучувајќи ја титулата од Лигата на шампионите во 2008 година верува дека Јунајтед ќе успеат да изборат топ 4 место и пласман во Лигата на шампионите, но дека тимот има поголеми амбиции.

Ван дер Сар, кој е директор на Ајакс и беше поврзуван со работа во својот стар клуб е загрижен од разликата од 14 поени од Сити.

„Со квалитетите кои ги имаат, Манчестер јунајтед треба да се борат за титулите, но тоа во моментов е многу тешко за нив“, изјави 48-годишниот Ван дер Сар.

Scroll to Top