Top Sport

Легендите на Реал и Арсенал се собраа на „Бернабеу“ (видео+галерија)

Легендите на Реал Мадрид ги совладаа легендите на Арсенал со 2:1 благодарение на головите на Раул и Гути на „Сантијаго Бернабеу“ во деветтиот годишен добротворен меч во Мадрид.

Раул уште во шестата минута постигна фантастичен гол со глава за водство, пред Луис Боа Морте да израмни на 1:1. Само две минути подоцна Гути го постави конечниот резултат. Двата тима ќе се сретнат повторно на „Емирати“ во Лондон во септември.

Добротворниот меч беше доволен повод, Роберто Карлос, Луис Фиго и Роберт Пирес повторно да облечат копачки во интересен дуел на ветераните.

ЛЕГЕНДИ НА РЕАЛ МАДРИД: Дудек, Арбелоа, Фернандо Санз, Павон, Роберто Карлос, Гути, Чаби Алонсо, Баптиста, Сидорф, Фиго, Раул. Замени: Контрерас, Алберто Ривера, Жулио Цезар, Хулио Љоренте, Бутрагењо, Веласко, Алфонсо. Тренер: Амансио.

ЛЕГЕНДИ НА АРСЕНАЛ: Симан, Лорен, Кемпбел, Апсон, Винтербурн, Пети, Парлор, Боа Морте, Лимпар, Пирес, Ањелка. Замени: Алмунија, Алиадиере, Сиган, Ебуе, Гриманди, Баптиста. Тренер: Дејвид О’Лири.



Scroll to Top