Top Sport

Л’Екип: Барнли е 100% бел премиерлигаш, во градот сè е како од минатиот век

На половина од сезоната во Премиер лигата, едно од најголемите изненадувања е тимот на Барнли, кој неодамна беше во топ 4, а во моментов се седми со само три поени зад четвртопласираните Ливерпул.

Францускиот весник „Л’Екип“ секако го забележи ова и во статија за тимот од кој се очекуваше да се бори за титулата, искоментира дека се работи за „100 отсто бел тим“. Иако не посочуваат дека Шон Дајч го бирал својот тим според бојата на кожата, описот на тимот е помалку проблематичен.

„Се работи за тим кој е 100 отсто бел со играчи со рамни носови и големи уши, предводени од цвренокос Англичанец во град кој гласаше 70 отсто за излегување од Европската унија и во кој честопати има расни тензии. Формиран од 80 отсто Британци, во градот на 40 километри северно од Манчестер сè како да доаѓа од минатиот век. Тимската фотографија е добар пример. Момци со кратка коса, рамни носови, големи уши, подготвени да се борат во сабота попладне. Нема ниту еден црн играч во седмопласираниот тим во Премиер лигата и тешко е да се каже дека тоа е случајност“, стои во написот на Л’Екип.

Тие одат и понатаму.

„На тимската фотографија има еден црн играч, Даниел Агјеи, кој сега е позајмен на Волсал. Не беше позајмен бидејќи е црн, секако, но во Барнли и тоа е можно“, се додава во статијата.

Scroll to Top