Top Sport

Лекип го оцени Моура со десетка

Лукас Моура, херојот на Тотенхем, со хет-трик ја реши драмата во Амстердам и му овозможи на својот тим да се бори за титулата во Лигата на шампионите. Иако постигна три гола, деновиве најмногу ќе се зборува за голот постигнат во последните секунди од натпреварот.

Бразилецот одигра одличен меч, особено во второто полувреме, а за неговата изведба угледниот француски весник „Лекип“ го награди со чиста десетка. Моура е десеттиот играч во историјата што од „Лекип“ добил десетка.

Единствен што два пати ја добил максималната оценка е Лионел Меси, во 2010 година за изведбата против Арсенал и во 2012 година кога постигна пет гола против Баер Леверкузен.

Првите десетки ги добиле француските репрезентативци Саузи и Мартини на натпреварот Франција-Грција во 1998 година. Шест години подоцна им се приклучи Олег Саленко на натпреварот Русија-Камерун. Десетка во 1997 година доби Ларс Винфелд за изведбата на мечот Орхус-Нант.

Во 2013 година Роберт Левандовски како играч на Борусија постигна четири гола против Реал и од „Лекип“ деби десетка, а потоа две максимални оценки весникот додели во француското првенство.

Карлос Едуардо од Ница за играта на мечот против Генган во 2013 и Нејмар за изведбата против Дижон во 2018 година.

Неодамна десетка доби Душан Тадиќ за брилијантната партија против Реал во Мадрид. Ајакс победија 4-1, а Србинот постигна гол и забележа две асистенции.

Scroll to Top