Влијателниот француски весник „Лекип“, го обвини менаџерот на Марио Балотели, Мино Рајола, дека со своите лаги ја загрозил кариерата на италијанскиот напаѓач.
Балотели посакува трансфер во овој преоден рок, поради што не се појави на првиот тренинг во Ница, екипа со која има договор, бидејќи интерес за него покажува Олимпик Марсеј.
Преговорите помеѓу тимовите престанаа, откако во Марсеј ја дознаа вистината, односно дека Балотели има уште една година од договорот со Ница и дека за напаѓачот клубот ќе мора да плати обесштетување.
Од друга страна, контроверзниот менаџер Рајол, сакал Балотели да замине во некој трет тим, за тој да може да земе поголема провизија.
Како што пишува „Лекип“, лагите на Рајола ги шокирале луѓето во Ница. Менаџерот, во Марсеј не кажал дека Балотели се уште е под договор со актуелниот клуб.
Откако во Марсеј ја дознале вистината, Рајола излегол со изјава дека Балотели не заминал од Ница, бидејќи клубот барал повеќе од 10 милиони евра како обесштетување.
И тука Рајола се заплеткал во своите лафи, бидејќи Марсеј немал пари да плати за Балотели и плус да му исплати провизија на менаџерот. Марсеј тргнал по Балотели бидејќи Рајола им рекол дека тој е слободен играч.
Балотели по две недели доцнење се појавил во Ница и започнал да тренира со соиграчите на големо задоволство, на новиот тренер Патрик Виера.
„Лекип“, својата приказна ја завршува со откривање на уште дна лага од страна на супе менаџерот. Балотели на соиграчите во Ница им рекол дека не заминел во Марсеј, бидејќи интерес за него покажал ПСЖ.
Марио Балотели во Ница ја оживеа својата кариера, откако имаше лоши епизоди во Ливерпул и Милан. За клубот од Азурниот брег тој на 66 натпревари има постигнато 43 гола.