Додека синоќа го играа натпреварот пртив Нант, биле ограбени домовите на фудбалерите на ПСЖ, Анхел Ди Марија и Маркињос. Лекип, во понеделникот, објави дека додека крадците ги ограбувале домовите на фудбалерите, членови на нивните семејства биле држени како заложници.
Во домот на Ди Марија биле неговата сопруга и двете деца, додека во куќата на марињос се наоѓале неговите родители.
„Никој не е повреден, тоа е добро. Француските власти покренаа истрага“, рекол Маркињос.
Лекип открива колкава штета претрпел Ди Марија. Според овој извор, крадците од домот на Ди Марија, однеле сеф во кој имало часовници и накит. Штетат се проценува на 500.000 евра.
Инаку, ова е втор пат во кариерата да биде ограбен домот на Ди Марија. Претходно тоа му се случи во 2015 година, додека беше играч на Манчестер јунајтед.