Поранешниот голман на Арсенал, Јенс Леман, кој неодамна се опорави од корона вирусот вели дека за здравите и млади фудбалери болеста не е „голема грижа“ и го поддржува планот на Бундеслигата за рестартирање овој викенд.
50-годишниот Леман, кој имаше нешто под 400 настапи во Бундеслигата со Шалке, Борусија Дортмунд и Штутгарт, вели дека одлуката за враќање на фудбалот е исправна и дека јавноста едноставно ќе мора да научи да живее со вирусот.
„На крајот, сите ќе научиме да живееме со тоа, бидејќи карантинот беше базиран на надежта дека ќе најдеме вакцина или некој лек. Но, тоа е само надеж, засега немаме ништо. Тоа не значи дека мораме да затвориме сѐ и ќе научиме да одиме понатаму. Сѐ додека симптомите не се толку лоши, мислам дека фудбалерите нема да имаат проблем и да заболат. Имаше многу фудбалери кои беа инфицирани, а голем дел од нив немаа ниту симптоми. Затоа за младите, здрави луѓе со силен имун систем, нема голема грижа“, вели Леман, кој од неодамна почна да работи во бордот на бундеслигашот Херта.