Голманот на Арсенал, Бернд Лено признава дека „топчиите“ биле инспирирани да се одмаздат на Манчестер јунајтед откако го гледаа танцот на Џеси Лингард при елиминацијата од ФА купот минатиот месец.
Во неделата тимот на Унаи Емери ја прекина совршената низа на гостувања на Оле Гунар Солксјер и Јунајтед, откако Гранит Џака и Пјер-Емерик Обамејанг постигнаа голови за да ги вратат Арсенал на четвртото место пред Јунајтед. „Ѓаволите“ победија со 3:1 на „Емирати“ во ФА купот во јануари, кога Лингард својот гол го прослави со танц.
We did won 3-1 didn’t we? And Lingard won the dance floor . Ps as an arsenal fan you must have loved it ?? pic.twitter.com/SK3jHpaL7a
— Zishan Saghir (@ZishanSaghir1) March 10, 2019
„Такво нешто не се заборава, кога некој прославува на таков начин. Не сакате да го видите повторно и затоа бевме мотивирани. Знаевме дека тие имаат еден поен повеќе од нас, но сега ние имаме два поени повеќе од нив. Има уште осум меча и сакаме да ги добиеме сите, а добро е што повеќе немаме пресметки со топ 6 тимови“, вели Лено.
Иронично, Лингард воопшто не беше во Лондон за мечот, бидејќи уште се опоравува од повредата.