Top Sport

Лео Меси е „вонземјанин“ – Барса и Баерн ја „завршија“ работата за 20-тина минути

Барселона и Баерн Минхен се на чекор до меѓусебен дуел во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако по само дваесет минути имаат по 2:0 водство во своите реванши од осминафиналето.

Барселона, која одигра 1:1 на гости кај Наполи во март, има 2:0 водство, откако прво Клемен Ленгле беше највисок во скокот во 10. минута, за во 23. минута на „Ноу Камп“ Лео Меси да има ново соло акција за 2:0.

На „Алијанц арената“ во Минхен пак, Баерн води со 2:1 против Челси, откако на првиот меч на гости во Лондон триумфираше со 3:0. Роберт Левандовски од пенал во 10. минута и Иван Перишиќ во 24. минута донесоа 2:0 водство за Баварците.

Scroll to Top