Top Sport

Леонардо: Доста беа „шпански серии“ со Нејмар

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, признал дека статусот на Нејмер не е решен, но изразил надеж дека до наредниот преоден рок повеќе нема да се шпекулира за евентуалниот трансфер на Нејмар.

Нејмар, во саботата, го одигра првиот меч во новата сезона и со спектакуларни ножички им ја донесе победата на ПСЖ во 93 минута против Стразбур. Иако го постигна голот за победа Бразилецот беше почестен со концерт од свирежи.

„Нејмар направи грешка, но кога заврши преодниот рок тој се врати во клубот. Не време доаѓаше на тренинзите, однесувањето му беше одлично. На минатиот меч постигна спектакуларен гол, како на филм. По мечот даде искрена изјава“, рекол Леонардо.

„Вистина е дека неговата позиција не е дефинирана. Но не треба да правиме „шпанска серија“ од тоа. Треба да се фокусираме на натпреварите. Тој е тука, деле е од тимот и тоа е тоа“.

Пари Сен Жермен, в среда. ќе играат против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Нејмар поради суспензија нема да игра на овој натпревар.

Scroll to Top