Top Sport

Леонардо: Имаме пари да го донесеме Роналдо

ПСЖ би можел да го донесе Кристијано Роналдо. Ова го изјавил спортскиот директор на „светците“ Леонардо, по вчерашните информации дека Јувентус, по завршувањето на сезоната би можеле да го продадат Португалецот.

Кристијано Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2022 година.

„Во денешниот фудбал не знаете што може да се случи. Роналдо може утре да каѓе дека сака да игра на некое друго место. Кој може да го купи? Тоа е затворен круг. ПСЖ спаѓа во тој круг. Ние мораме да се подготвиме за преодниот рок и тоа го правиме. Имаме свои приоритети, свои списоци, но секогаш може да се случи непланирано“, рекол Леонардо.

Споетискиот директор на ПСЖ, рекол дека во периодот на пандемијата, клубот ги чувствува финансиските последици, но дека во исто време има доволно големи капацитети за успешно да ја надмине кризата.

Scroll to Top