Top Sport

Леонардо: Не ветувам дека Мбапе ќе остане

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, истакнал дека приоритет на клубот е Килијан Мбапе. Од завршувањето на сезоната се шпекулира околу иднината на младиот напаѓач, а медиумите најчесто го поврзуваа со Реал Мадрид.

Зинедин Зидан и Флорентино Перез, тренерот и претседателот на Реал не го кријат интересот за „златното момче“ на францускиот фудбал. Во ПСЖ се свесни за интересот што постои кај Реал, но тврдат дека нема да го продадат Мбапе.

„Нема никаков сомнеж кога ќе речам дека Килијан е исклучително важен за тимот. Секогаш е расположен, навивачите го сакаат. Важное да имате таков играч во тимот. Млад е, среќен, насмејан“, рекол Леонардо и дополнил.

„Сепак, јас не можам да ветам дека тој ќе остане. Прво не носам само јас одлуки во клубот и второ, јас никогаш ен давам ветувања доколку не сум сигурен дека ќе ги исполнам“.

Ианку, ден претходно спортскиот директор на ПСЖ изјавил дека доколку стигне добра понуда за Нејмар, клубот ќе го одобри трансферот.

Scroll to Top