Top Sport

Леонардо објаснува: Бонучи е сегашноста, но Калдара е сегашноста и иднината

Новиот генерален менаџер на Милан, Леонардо вели дека одлуката да го заменат Леонардо Бонучи за Матија Калдара на крајот била едноставна бидејќи „Бонучи е фудбалер за сега, а Матија е за иднината“.

Трансфер-сагата меѓу Јувентус и Милан заврши така што „росонерите“ го позајмија Гонзало Игуаин на една сезона, додека Калдара и Бонучи беа вклучени во директна замена. 24-годишниот Калдара само што потпиша договор со Јувентус од Аталанта и не одигра ниту еден натпревар со нив.

„Секои преговори имаат своја приказна, може да започне на еден начин и да заврши на друг. Договорот беше склучен во позитивна атмосфера и беше добар за сите. Аталанта знаат да ги градат своите фудбалери ментално, а на техничко ниво, Матија е модерен фудбалер, кој знае да дава голови и да ја чита играта. Да, Лео Бонучи е еден од најдобрите дефанзивци на светот, но мислам дека беше време да направиме проценка. Видовме ист потенцијал во Матија. Бонучи е за сега, но Матија е за сега и за иднината. Ние одиме на пат на постепен развој. Тимот полека се комплетира, но мораме да видиме и кој ќе замине“, вели Леонардо.

Scroll to Top