Фудбалерите на Хетафе, со пресврт, забележаа победа над Селта (3:1), во воведниот натпревар од саботната програма во 23 коло, во Ла Лига.
Натпреварот на „Алфонсо Перез“ стадионот во Мадрид започна добро за гостите од Виго, кои преку Араухо постигнаа гол.
Предноста Селта ја имаше до 30 минута, кога Мата израмни од пенал. На пеналот му претходеше прекршокот што го направи Maksi Гомез. Уругваецот доби жолт картон за стартот, а бидејќи не престана со приговорите судијата му го покажа и вториот жолт картон.
Предноста од играч повеќе на теренот Хетафе ја искористи во 62 минута кога Молина погоди за 2:1. Конечниот резултат го постави Мата со својот втор гол. Напаѓачот на Хетафе ја искористи катастрофалната грешка на голманот на Селта Рубен Бланко.
Гетафе по некомплетното 23 коло се наоѓаат на на петтото место со 35 бода, додека Селта се на 16 позиција со 24 бода.