Top Sport

Лесна победа за Реал (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја продолжија победничката серија. Во 22 коло тие славеа над Алавес 3:0. Реал ги искористија киксовите на Барселона и Атлетико и на градскиот ривал му се доближија на два, а на лидерот од Барселона на осум бода.

Играчите на Реал е мачеа во првите половина час од дуелот со цврстиот противник од Баскија. Отпорот на гостите го скрши Карим Бензема, кој ја потврди одличната форма во која се наоѓа.

Победата Реал ја запечати во последните десет минути со головите на Винисисус Жуниор во 80 и Маријано Доаз во 91 минута.

Гостите во второто полувреме имаа две добри шанси преку Бургуи и Џони но Куртоа остана несовладан.

Scroll to Top