Top Sport

Лесни победи за Интер и Јувентус (Видео)

Фудбалерите на Хувентус и Интер запишаа лесни победи во рамките на 13.коло во Серија А. Лидерот на табелата Јувентус славеше над СПАЛ, а Интер го победи Фросинпне 3:0.

Интер им се врати на победите по катастрофата во Бергамо, во минатото коло. Тимот на Лучано Спалети без многу труд испорача три гола во мрежата на претпоследната екипа на табелата, Фросиноне.

Сенегалецот Кеита Балде беше најзаслужен за победата со два гола и една асистенција. Балде постигна голови во 10. и 82.минута, а му асистираше на Лаутаро Мартинез за голот во 52.минута.

Јувентус, исто така, со без мака славеше над СПАЛ. Кристијано Роналдо во 29.минута го постигна својот деветти гол во Серија А, а конечните 2:0 ги постави Марио Манџукиќ по истекот на првиот час игра.

Scroll to Top