Тотенхем, Арсенал и Манчестер сити забележаа планирани победи во попладневните мечеви во рамките на седмата рунда во Премиер лигата. Три бода во оваа рунда освоија и Лестер, Евертон и Вулверхемптон.
Манчестер сити рутински славеше над Брајтон 2:0. Стрелци за „граѓаните“ беа Рахим Стерлинг во 29 и Серхио Агуеро во 65.минута.
Слично како Сити, лесен триумф запиша Тотенхем кај Хадерсфилд. Двата гола ги постигна Хари Кејн, првиот во 25.минута, а вториот девет минути подоцна од пенал.
Два гола за победа постигнаа и фудбалерите на Арсенал во дуелот со Вотфорд. Крег Кечкарт си постигна авто-гол во 81.минута, а две минути подоцна Месут Езил ја потврди победата.
Њукасл игра лошо оваа сезона, а тоа го искористи Лестер. „Лисиците“ славеа на „Сент Џејмс парк“, со головите на Џејми Варди од пенал во 30.минута и Хари Мегваер во 73.минута.
Евертон го декласира Фулам со 3:0. Два гола постигна Гилфи Сигурдсон, а еден Тосун. Исланѓанецот можеше и до хет-три, меѓутоа при резултат 0:0 не реализираше пенал.
Вулверхемптон го надигра Сутемптон со 2:0. Каваљеро и Џони Кастро беа стрелци за „волците“.