Антонан Гризман уште еднаш проговорил за односот што го има со Лионел Меси. Францускиот репрезентативец, во јуни 2019 година, за сума од 120 милиони евра се пресели од Атлетико во Барселона.
Од почетокот на неговиот мандат медиумите тврдат дека тој не е во најдобри односи со легендата на Барселона. Гризман, кој се подготвува со Франција за настап на ЕП, уште еднаш ги демантира медиумските шпекулации.
„Имаме добар однос. Супер се согласуваме. Понекогаш се допишуваме. Комуницираме на тренинзите. На теренот со него сите работи се лесни. Му давате диња, а тој ја претвора во кавијар“, истакнал Гризман.