Top Sport

Лесно водство на Челси и незгодна повреда на Лукаку

Иако менаџерот на Челси, Томас Тухел неодамна призна дека Ромелу Лукаку е „уморен и ментално исцрпен“, тој му даде шанса да стартува на мечот со аутсајдерот во ЛШ, шведскиот Малме, по што мораше да го извади од игра по само 22 минути игра.

Андреас Кристенсен во 9. минута донесе водство за „сините“, за во 20. минута Лукаку да добие пенал по стартот на Нилсен, а Жоржињо сигурно да го реализира. Меѓутоа, белгискиот напаѓач не можеше да продолжи и бргу беше заменет со Каи Хаверц.

Scroll to Top