Top Sport

Лестер: 60 среќници ќе добијат бесплатни сезонски билети

Сопственикот на Лестер Вичај Шривадханапрабха, по повод својот 60.роденден, реши да награди 60 навивачи со бесплатни сезонски билети.

Среќните добитници на сезонските билети за наредната сезона ќе бидат извлечени на полувремето од натпреварот со Њукасл.

Тајландскиот бизнисмен и неговата компанија „Кинг Пауер“ група го презедоа Лестер во 2010 година, а четири години подоцна тимот избори пласман во Премиер лигата.

Најголемиот успех во историјата на клубот, Лестер го оствари во сезоната 2015/2016 кога ја освои шампионската титула, а наредната сезона стигна до четврт-финалето во Лигата на шампионите.

„Ова патување никогаш немаше да биде возможно без поддршката на верните навивачи“, објави Лестер на официјалната интернет страница.

Лестер, во тековната сезона, се наоѓа на осмото место на табелата со 43 бода.

Scroll to Top