Top Sport

Лестер со автогол го освои „Сент Џејмс Парк“ (видео)

Лестер сити го продолжи „препородот“ под тренерот Клод Пуел, стигнувајќи до третата победа во низа, овојпат со среќни 3:2 на гостувањето кај Њукасл благодарение на автоголот на Ајозе Перез.

Од другата страна, Њукасл јунајтед имаат катастрофална низа под Рафа Бенитез, со едно реми и шест порази во последните седум натпревари, а во последните пет меча имаат примено по 15 голови.

Њукасл стигна прв до водство преку Хозелу уште во четвртата минута, пред Ријад Марез да израмни по 20 минути игра со одличен удар од дваесетина метри. Гостите први дојдоа во водство по еден час игра преку Демарај Греј, пред Њукасл да израмнат во 73. минута. Конечниот резултат го постави Перез во 86. минута.

Лестер сега е на осмото место во Премиер лигата со 23 поени, додека лошата низа го спушти Њукасл на 15. место со само 15 поени.

Scroll to Top