Top Sport

Лестер-Челси, Манчестер сити против Њукасл

Лестер-Челси е најпривлечниот дуел што ќе се одигра во рамките на четврт-финалето во ФА купот.

Арсенал, рекордерот со 13 трофеи во ова натпреварување, ќе има тешка задача во четврт-финалето. Арсенал ќе гостува кај Шефилд Јунајтед.

Манчестер сити и во оваа фаза ќе играат на гостински терен. Избраниците на Пеп Гвардиола за противник го добија Њукасл.

Норич кој синоќа го елиминираше Тотенхем за пласман во полу-финалето ќе се бори со Дерби каунти или Манчестер Јунајтед. Овој осмина-финален меч се игра вечерва.

Четврт-финалните натпревари во ФА купот ќе се одиграат на 21 и 22 март.

Scroll to Top