Top Sport

Лестер го комплетираа трансферот на Вестергард

Лестер го комплетираа трансферот на Јаник Вестергард од Саутемптон, носејќи засилување во одбраната по хорор-повредата на Весли Фофана.

29-годишниот дански репрезентативец пристигнува на „Кинг Пауер“ за 15 милиони фунти и потпишува договор до 2024 година.

„Се работи за клуб кој има исклучителни резултати последните години и многу возбудлив проект. Голема работа за мене е да бидам дел од ваков тим“, изјави Вестергард.

„Лисиците“ беа заинтересирани за Вестергард повеќе од една година, пред да се решат за брз трансфер по скршеницата на ногата за Весли Фофана на пријателскиот меч со Вилјареал, а Џони Еванс уште се мачи со повредата на стапалото.

Scroll to Top