Top Sport

Лестер им се извинија на Челси за потегот на Амарти – Фудбалерот ќе биде казнет

Фудбалерите на Лестер, во саботата, го освоија трофејот во ФА купот. „Лисиците“, во финалето, го победија Челси со голот на Јури Тилеманс.

Играчите на Лестер, бурно го прославија освојувањето на првиот трофеј во ФА купот. Еден играч ги надмина границите на доброто однесување.

На социјалните мрежи се појави видео од соблекувалната, во кое се гледа како Даниел Амарти го фрла знаменцето со грбот на Челси.

Од Лестер им се извинија на ривалите за потегот на Амарти и најавија дека фудбалерот ќе биде казнет.

Scroll to Top