Менаџерот на Лестер, Клод Пуел, рекол дека ќе стори сè што е во негова моќ да го донесе во тимот Хатем Бен Арфа.
Овој стратег еднаш веќе успеа да ја „воскресне“ кариерата на Бен Арфа.
По неколку бледи сезони во Премиер лигата, Пуел во сезоната 2015/2016 го донесе Бен Арфа во Ница, кој се врати во старата форма и беше еден од најдобрите играчи во француското првенство, поради што и селекторот Дидие Дешан го врати во репрезентацијата.
По таа сезона Бен Арфа се пресели во ПСЖ, но кај тренерот Унаи Емери тој најчесто беше на трибините, односно немаше место меѓу играчите кои одат на натпреварите.
Договорот со ПСЖ му истекува по завршувањето на сезоната, па логична е опцијата ПСЖ да го продаде во јануарскиот преоден рок.