Top Sport

Лестер нуди 35 милиони евра за Лука Јовиќ

Српскиот фудбалски интернационалец, Лука Јовиќ сезонава во Реал Мадрид настапи на 25 меча, а постигна само 2 гола. Шпанските медиуми се многу критични за него во последниот период.

Денеска се појави информација во медиумите на Островот дека Лестер Сити планира да понуди 35 милиони евра за Јовиќ
Информациите се дека поранешниот англиски шампион веќе контактирал со агентот на Србинот за да ги расипат плановите на Арсенал кој исто така се интересира за напаѓачот.

Доколку овој трансфер се реализира, Лестер би добил одлично напаѓачко дуо, Варди-Јовиќ.

Scroll to Top