Лестер го официјализираа трансферот на Белгиецот Тимоти Кастањ од Аталанта, потврдувајќи дека десниот бек потпиша петгодишен договор со „лисиците“.
Се верува дека поранешните шампиони од Премиер лигата за 24-годишниот Кастањ, кој имаше 33 настапи за Аталанта минатата сезона, платија околу 21.5 милиони фунти.
Аталанта го донесоа Кастањ за само 6 милиони евра од Генк во 2017 година, а за него пред трансферот беа заинтересирани и Херта Берлин.
? #WelcomeTimothy ? pic.twitter.com/Loi1xadjIQ
— Leicester City (@LCFC) September 3, 2020