Елиф Елмас, во летниот преоден рок, може да стане најскапиот македонски фудбалер во историјата. Според британските медиуми, тој кариерата би можел да ја продолжи во Премиер лигата, во екипата на Лестер.
Како што пишуваат медиумите на Островото, новиот менаџер на Лестер, Брендан Роџерс, побарал во летниот преоден рок да му го донесат македонскиот репрезентативец на „Кинг Пауер“.
Наводно, Лестер на Фенербахче, за трансферот на Елнас, ќе им понудат 30 милиони фунти. Менаџерот Роџерс, сметал дека Елмас е еден од најперспективните млади играчи од редот за врска, што играат во Европа.
Аглиските медиуми пишуваат дека Лестер би можеле да имаат жестока конкуренција за потписот на Елмас, секако доколку Фенербахче решат да го продадат. Наводно интерес за неговите услуги покажале и неколку гиганти како Арсенал, Баерн Минхен, Јувентус, Тотенхем и Манчестер сити.