Top Sport

Лестер против Сити во Лига купот

Арсенал ќе се судрат со Вест Хем јунајтед во четврт-финалето на англискиот Лига куп, додека Лестер сити ќе ги пречекаат лидерите Манчестер сити.

Манчестер јунајтед го добија второлигашот Бристол сити, кој ги елиминираше Кристал Палас, додека Бурнемаут патуваат на „Стемфорд бриџ“.

Мечевите ќе се одиграат во неделата почнувајќи од 18 декември, а интересно англиските фанови го чекаа стартот на ждрепката повеќе од два часа (требаше да се објават во 17 часот), поради технички проблеми на организаторите.

Ова е втор „технички“ пропуст во Лига купот, откако менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се жалеше на топката со која играа во осминафиналето.

АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 1/4 ФИНАЛЕ

Челси – Бурнемаут

Арсенал – Вест Хем

Лестер – Манчестер сити

Бристол сити – Манчестер јунајтед

Scroll to Top