Top Sport

Лестер се заинтересирани за Костиќ

Менаџерот на Лестер Брендон Роџерс влегува во трката по потписот на српскиот репрезентативец Филип Костиќ. Покрај Лестер за Костиќ интерес покажуваат Интер и Лацио.

Костиќ зад себе има одлична сезона во дресот на Ајнтрахт, а навивачите на клубот го прогласија за најдобар играч.

Во Ајнтрахт се свесни дека нема да можат да го задржат српскиот репрезентативец во своите редови, но нема да прифатат понуда помала од 35 милиони евра.

„Имаме понуди за Костиќ, но засега нема ништо конкретно, се уште заинтересираните ја испитуваат ситуацијата“, рекол спортскиот директор на Ајнтрахт Фреди Бобич.

Scroll to Top