Лестер подолг период ќе биде без командантот на одбраната Чалар Сојунџу. Турчинот се повредил настапувајќи за својата репрезентација, поради што не играше синоќа против Астон Вила (0:1).
Утрово менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, потврдил дека повредата на Сојунџу е сериозна. Дефанџивецот го повредил мускулот и ќе мора три месеци да се рехабилитира од повредата.
Сојунџу минатата сезона одигра 34 од можните 38 натпревари за Лестер во Премиер лигата.
Лестер има големи проблеми со повредите на своите фудбалери, покрај Сојунџу, менаџерот Роџерс не може да смета на Рикардо Переира, Вилфред Ндиди и Џејми Варди.