Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев смета дека „панцирите“ не се фаворити на Европското првенство 2020 година. Тој наброја дури 4 селекции за кои смета дека во моментов се посилни од Германија
„Панцирите“ во првата фаза од шампионатот се наоѓааат во „групата на смртта“ заедно со Португалија, Франција и квалификант од Лигата на нации (можно е тоа да е токму Македонија).
„Сакаме да играме атрактивен фудбал, да се пласираме во елиминациската фаза на ЕУРО 2020. Не треба да се заборави дека има тимови кои играат заедно долго време и се чекор пред нас. Зборувам за селекции како Франција, Холандија, Англија и Италија. Нашата репрезентација уште треба да расте и да напредува. Имаме цврста основа на која може да се гради тим за во иднина да се освојуваат трофеи. Нема да бидеме еден од главните фаворити за титулата на ЕП 2020“ – изјави Јоаким Лев.